Бидете секогаш во тек со новите содржини на НАВЛЕЧИ СЕ. Следете нè на ИНСТАГРАМ, ТВИТЕР и станете фанови на нашата ФЕЈСБУК страница.

Титаник II повторно ќе заплови во 2022 година

На почетокот на 20-тите години, бил направен, како што на сите им е добро познато  прекуокеанскиот брод,  долг 269 метри, широк 28 метри и тежок 46.000 тони.  Титаник на првото прекуокеанско патување тргнал од британското пристаниште Саутхемптон, но ова патување завршило трагично, и за зал не ги оправда мислењата и фактите дека е  брод со најнапредна технологија, најсигурен и непотоплив.
На 14 април 1912 година, само два часа откако бродот удрил во санта мраз, целосно потонал и во оваа несреќа загинале повеќе од 1500 негови патници.
 
Со цел да се поправи грешката од минатото, направен е нов број Титаник бродот реплика на Титаник II во кој ќе можат да пловат  2.400 патници и 900 членови на екипажот, а по својата екцентричност  и луксуз целосно ќе изгледа како својот претходник. Титаник II, ќе исплови во 2022 година, а цената на билетите се уште не е објавена.






За изградбата на бродот се потрошени 500 милиони долари.
Овој пат на безбедноста нема да  се штеди и ќе има доволен број чамци за спасување.
Бродот ќе исплови од Дубаи и ќе патува кон Саутхемптон, во Англија. Потоа ќе тргне кон Њујорк, по истата рута како и бродот кој потона во 1912 година.



Овој проект во 2012 година беше најавен од  компанијата Блу Стар Лајн. Но, заради големите финансиски трошоци и оптоварување, тргнувањето повеќе пати е одложувано.
„Тргнувањето на бродот во 2022 е сигурно. Бродот ќе плови по истата рута како и својот претходник, од Саутхемптон до Њујорк, но после тоа ќе плови и по светските мориња, привлекувајќи внимание во секое пристаниште каде ќе пристигне“, рече сопственикот на компанијата Клајв Палмер.

Поврзани блог статии

Бидете секогаш во тек со новите содржини на НАВЛЕЧИ СЕ. Следете нè на ИНСТАГРАМ, ТВИТЕР и станете фанови на нашата ФЕЈСБУК страница.
N/A