Бидете секогаш во тек со новите содржини на НАВЛЕЧИ СЕ. Следете нè на ИНСТАГРАМ, ТВИТЕР и станете фанови на нашата ФЕЈСБУК страница.

Хостел од ланецот Generator, овојпат во Мајами!

Познатиот ланец на хостели, Generatorсо веќе 13 објекти ширум Европа, овој пат реши да ги прошири своите граници и да отиде малку подалеку. А зошто подалеку да не бидат токму плажите на Мајами.

Сите сме свесни дека туристите, особено оние кои сакаат да одмараат на мира, секогаш попрво би избрале хотел или друг сместувачки капацитет, наспроти хостел. Но, верувајте, Generator, постојат да ги срушат овие стереотипи и токму поради таа причина нивните хостели се разликуваат од сите останати. Особено внимание посветуваат на лусузното уредување, удобноста и гостопримливоста. Иако се малку полуксузни за разлика од останатите хостели, сепак цените се прифатливи и далеку поевтини за разлика од престојот во хотелите на истите локации. 
Ова е прв хостел кој располага со сопствен приватен базен. Покрај тоа, гостите можат да уживаат во големите удобни простории наменети за заедничко дружење на, како лоби баровите, рестораните, одличната градина итн. 
Инаку, токму поради тоа што главната цел на хостелот е да биде во комплетна корист на туристите, лоциран е на само 15 минути од аеродромот на Мајами и, се разбира на само неколку минути од плажа! 




































Поврзани блог статии

Бидете секогаш во тек со новите содржини на НАВЛЕЧИ СЕ. Следете нè на ИНСТАГРАМ, ТВИТЕР и станете фанови на нашата ФЕЈСБУК страница.
N/A