Бидете секогаш во тек со новите содржини на НАВЛЕЧИ СЕ. Следете нè на ИНСТАГРАМ, ТВИТЕР и станете фанови на нашата ФЕЈСБУК страница.

Среќата се вика СЕСТРА!

Понекогаш помладата сестра која влегува во пубертет се однесува како таа да е постара од братот или сестрата. То е природни заради градењето на личноста и активирањето на женските, заштитнички хормони, кои подоцна преминуваат во мајчински инстинкт. А на постарите пак, тоа им пречи бидејќи и тие си имаат свои „бубачки“ во главата.  Сепак, едно е сигурно. Без разлика дали сте млади или стари, без разлика дали сте маж или жена, ако имате сестра сте посреќни, пошармантни, ментално и емоционлно поздрави ... Мажите кои имаат сестра се повеќе емоционално сигурни,  и имаат посамоуверен пристап во  социјалните интеракции.



Резултатите за послободното однесување на мажите во интеракција со жените се објаснуваат со фактот дека присуството на девојка за време на адолесценцијата ја отвора комуникацијата и средина која ги опкружува станува многу попријатно место за  изразување. Изразувањето чувства е од клучно значење за психолошкото здравје, а сестрата е клучна за создавање на такво опкружување во семејството ", објаснува водачот на истражувањето, д-р Тони Кесиди.



Мажите кои имаат сестра се многу поуспешни во заведување, и е докажано дека  мажите и жените кои имаат сестри се помалку се разведуваат. Они кои имаат сестри се поотпорни на стрес, тага, осаменост, страв и цела низа на лоши чувства, и се повеќе љубезни, пријателски настроени. 
Многу интересен е фактот што мажите кои имаат сестри, се посреќни во бракот бидејќи имаат осет за почитување на жените, внимателни се и заштитнички  се однесуваат кон нив, како што се однесуваат и кон својата сестра. Тие едноставно знаат како фунционираат жените и кои се нивните желби и потреби!

Поврзани блог статии

Бидете секогаш во тек со новите содржини на НАВЛЕЧИ СЕ. Следете нè на ИНСТАГРАМ, ТВИТЕР и станете фанови на нашата ФЕЈСБУК страница.
N/A