Бидете секогаш во тек со новите содржини на НАВЛЕЧИ СЕ. Следете нè на ИНСТАГРАМ, ТВИТЕР и станете фанови на нашата ФЕЈСБУК страница.

11 работи кои сите љубители на чај треба да ги знаат

Чаеви имаат многу различни потекло. Повеќето чаеви (црн, зелен и бел) потекнуваат од растението Камелија и природно се богати со кофеин. Билните чаеви се мешавина од сушени билки, овошја или цвеќе како камилица или ехинацеа. Црвениот чај, со потекло од Јужна Африка, спаѓа во посебна категорија на растенија.
 
1.Совршената температура на водата варира во зависност од чајот
Зелените, белите и билните чаеви бараат вода од најмалку 65 степени, додека за најсилната сорта црн чај, водата треба да биде на 100 степени.
 
2.Идеалното време за натопување зависи од видот на чајот
Зелените и црните чаеви се спремаат побрзо, околу 1 до 3 минути, додека билниот чај треба да стои до 6 минути.
 

 
3. Студениот чај ја намалува горчината
Дали сте нетолерантен на горчливост? Кесичката за чај растворена во ладна вода го намалува ризикот од горчливост предизвикан од прекумерното впивање на кесичката.
 
4. Домашниот чај е поздрав од оној купечкиот во кесичка
Според една студија, купечкиот чај не содржи толку многу антиоксиданти кои помагаат во борбата против ракот како домашните чаеви. Тоа е така бидејќи производителите често ги отстрануваат хранливите материи од чајот за да ги направат помалку горчливи (а со тоа и поприфатливи) за јавна потрошувачка.
 
5. Додавањето млеко во чајот помага да се зачува белината на забите
Постои едноставен начин да се зачува белината на забите. Според една студија неодамна објавена во International Journal of Dental Hygiene, само една капка млеко е поефикасна од паста за заби кога станува збор за спречување на дамки на забите.


 
6. Чајoт најдобро се чува во темен сад
Чувајте ги чаевите во затворени кутии или садови, на ладно, суво место, подалеку од светлина, топлина и влага.
 
8. Некои закуски имаат подобар вкус со чај од другите
Зелениот чај оди добро со суптилни вкусови како пилешка салата,  додека црниот надополнува богата храна, како чоколадо и црвено месо.
 
9. Чај кесичките имаат широка примена во куќата
Не фрлајте ги користени кесички! Користете ги за наводнување на растенијата за да се спречат габични инфекции. Или користите ги за одмастување валкани тенџериња и тави, ставете во нив топла вода и кесички чај. Маснотијата ќе се впие во кесички.
 
10. Зелениот чај е најновото оружје против ракот
Последни медицински истражувања покажаа дека зелениот чај може да помогне во отстранување на клетките на ракот, подобрување на функцијата на мозокот кај пациенти со рак и рак на простата. Можеби наскоро ќе се користи како алтернативен третман за рак: консумирање на зелен чај не предизвика несакани ефекти (опаѓање на косата, недостатоци на имунолошкиот систем), како и хемотерапијата, кој ги убива здравите клетки, заедно со нездравите клетки.

Поврзани блог статии

Бидете секогаш во тек со новите содржини на НАВЛЕЧИ СЕ. Следете нè на ИНСТАГРАМ, ТВИТЕР и станете фанови на нашата ФЕЈСБУК страница.
N/A