Бидете секогаш во тек со новите содржини на НАВЛЕЧИ СЕ. Следете нè на ИНСТАГРАМ, ТВИТЕР и станете фанови на нашата ФЕЈСБУК страница.

10 работи кои не сте ги знаеле за модниот гигант ZARA

Брендот е основан од страна на Армансио Отега и неговата тогашна партнерка Росалиа Мера. Првата продавница на ZARA е отворена во Шпанија, Галиција во 1975 година. ZARA се смета за најпознат и најдостапен бренд. Во сопственост на ZARA се и голем број на „улични“ брендови како Massimo Dutti, Pull&Bear, Stradivarius, Bershka и други.




1. Секоја сезона ZARA дизајнира 12.000 нови модели.
Во почетокот главната цел на ZARA била креирање и презентирање на што повеќе модели кои ќе бидат достапни за секого. Сите парчиња на ZARA се инспирирани од големите модни брендови како: MOSHINO, Gucci, Dolce&Gabbana...




2. Основачот на ZARA, Армансио Отега е најбогатиот човек во Европа и втор најбогат човек во светот.
Целото богатство, Армансио го стеканал сам. Во почетокот бил обичен кројач кој во слободно време го смислувал бизнис моделот на ZARA. На 23 Окомври 2015 година, Армансио бил прогласен за најбогат човек на светот, но таа титула го красела само неколку часа, по што Бил Гејтс повторна застанал на врвот.



3. Првичното име на ZARA е ZORBA.
Но барот кој се наоѓал неколку улички подалеку прв се сетил да го користи тоа име. После долг судски процес Армансио решил својот бренд да го преименува во ZARA.



4. ZARA престанала да употребува токсични материи.
ZARA одлучила да се приклучи на капањата на Greenpeace за исфрлање на токсините од процесот на изработка. Тимот на ZARA очекува комплетно ослободување од токсичните материјали до 2020 година.




5. Магацинските простори на ZARA се девет пати поголеми од оние на Amazon.
ZARA е компанија која поседува околу 850 илјади метри квадратни магацински простор, тоа е во просек 9 пати поголем простор од оној на  Amazon.



 
6. Потребни се само 15 дена за една колекција на зара да го помине патот од креирање до изработка на финалниот продукт и негово презентирање во продавниците.



7. ZARA никогаш нема издадено реклама на телевизија.

Во полисата на ZARA стои дека брендот нема потреба од дополнително рекламирање. Парите кои би биле вложени во рекламни спотови, бредот ги вложува во отварање на нови продажни места ширум светот.



8.Тимот на ZARA на пазарот има пласирано неколку контаверзни парчиња на кои имало анти-семитски симболи.
Прв ваков дизајн е секојдневна женска ташна на која е јасно видлив кукастиот крст (симбол на нацизмот). Набрзо овој модел е исфрлен од продажба.


Втор е дизајнот на детска пижама со сини и бели пруги која од левата страна ја има жолтата ѕвезда која евреите ја носеле за време на Холокаустот. И ова парче е исфрлено од предажба, а залихите се уништени.



9. Стаклата кои се поставени на излозите на продавниците се изработени во Шпанија.
Се чини дека Армансио и неговиот тим навистина се грижат за надворешниот изглед на продавниците. Во поголемите градови сите излози се исто уреден, па така сите купувачи се изедначени и можат да уживаат во истите парчиња.



10. Дури и кралските семејства ја обожуваат ZARA.
Војвотката на Кембриџ, Кејт Миделтон се појавила на црвениот тепих носејќи огрлица на ZARA. Тоа е голема привилегија земајќи во предвид дека неа и се достапни сите аксесоари на светот.

Поврзани блог статии

Бидете секогаш во тек со новите содржини на НАВЛЕЧИ СЕ. Следете нè на ИНСТАГРАМ, ТВИТЕР и станете фанови на нашата ФЕЈСБУК страница.
N/A