Бидете секогаш во тек со новите содржини на НАВЛЕЧИ СЕ. Следете нè на ИНСТАГРАМ, ТВИТЕР и станете фанови на нашата ФЕЈСБУК страница.

6 познати дами кои станале мајки благодарение на IVF

Во последниве 40тина година една од најпопуларните и најдобри методи која им помогнала на повеќе од милион жени да станат мајки е вештачкото ин витро оплодување кое станува се поактуелно како начин за сите оние кои се справуваат со проблеми при зачнувањето. 
И досега сигурно сте слушнале еден куп приказни како патот е долг и трнлив, но задоволството кое го добивате на крај, да го држите своето дете во раце, е бесценето и непроценливо. 
И помеѓу овие милион и повеќе жени се најдоа и неколку познати личности кои комплетно отворено ги споделуваат своите приказни и ги охрабруваат идните мајки да не се откажуваат. 

1. CHRISSY TEIGEN
Таа е можеби еден од најгласните говорници за доброто на вештачкото оплодување. Сметам дека вашата успешна приказна дава надеж на сите мајки кои се справуваат со овој проблем, вели таа. 
Криси и нејзиниот сопруг Џон Леџенд имаат две деца благодарение на оваа метода. 





2. KIM KARDASHIAN
Ким исто така отворено зборува за своите борби за станувањето мајка. После компликациите кои Ким ги имала во текот на првата бременост и после 9 месечна борба за повторно да стане мајка, Ким ја искористила оваа метода и на свет го донела своето вторто дете. Веќе за третата бременост, Ким се одлучи нејзиното дете да го носи сурогат мајка чиј идентитет беше чуван во огромна тајност со цел да се заштити приватноста на нејзиното семејство.  





3. COURTENEY COX
Ѕвездата од „Пријатели“ додека ги засмеваше сите љубители на серијата со своите реплики, во приватниот живот се справувала со огромни проблеми и борба со неплодност. Кортни го користела овој метод два пати. Вториот пат за среќа бил успешен и Кортни ја донела на свет својата ќерка Коко, која денес има 14 години. 





4. BROOKE SHIELDS

После еден спонтан абортус и неколку неуспешни обиди со вештачко оплодување, Брук подлегнала на овој метод, како што таа  вели, за последен пат пред да се откаже. За среќа обидот бил успешен и Брук во 2003 година го родила своето прво дете, ќерката Рован. Во 2006 година, пак, Брук повторно станува мајка на својата втора ќерка, која ја добива по комплетно природен пат. 




5. CELINE DION

Селин исто така се борела со неплодност. Првиот пат кога имала некаде околу 30 години, Селин се обидела да стане мајка и после првиот обид за вештачко оплодување на свет го донела својот син Рене Чарлс кој денес има 17 години. 10-тина година подоцна, во своите 40ти години, Селин повторно се обидела да стане мајка. После спонтан абортус и шест неуспешни обиди со Ин Витро, Селин останува бремена и на свет ги носи близнаците Нелсон и Еди кои денес имаат 7 години. 





6. EMMA THOMPSON
Оваа актерка исто така се борела со неплодност и во текот на 1990 година имала повеќе обиди со Ин витро оплодувањето. За среќа, и оваа приказна има среќен крај. Актерката на свет го донела своето прво дете, ќерката Гаја. Подоцна, Ема и нејзиниот сопруг повторно се обиделе да имаат дете и по неуспешните обиди одлучиле да го посвојат своето второ дете. 


Поврзани блог статии

Бидете секогаш во тек со новите содржини на НАВЛЕЧИ СЕ. Следете нè на ИНСТАГРАМ, ТВИТЕР и станете фанови на нашата ФЕЈСБУК страница.
N/A