Бидете секогаш во тек со новите содржини на НАВЛЕЧИ СЕ. Следете нè на ИНСТАГРАМ, ТВИТЕР и станете фанови на нашата ФЕЈСБУК страница.

Casa Kids - модерно и креативно решение за детска соба!

Студиото за дизајн  од Бруклин, Casa Kids, чија специјалност е дизјанирање и уредување на ентериери кои имаат мал проблем со просторот го промовира своето најново, креативно и модерно решение за мали детски соби.
Инаку  Casa Kids  е познато по дизајнирање на кревети кои висат, креветчиња на спрат, несекојдневни бироа и слично а овој пат промовираат кревет во вид на ормар, на кој ќе можат удобно да се сместат три деца.  
„Ормарот“ која зафаќа само еден ѕид од собата, опфаќа три креветчиња на спрат, секое со посебен влез и скали кои всушност се фиоки за складирање. Освен тие фиоки, во внатрешноста има и еден поголем и еден помал ормар и пет дополнитлени фиоки во предниот дел. 
Секое креветче има своја приватност и полица за чување на неопходни работи. 
И можеби најдобрата работа од се е, што иако изгледа дека овој голем ормар е вграден и не може да се монтира различно, вусшност секој дел е посебен и можете слободно да го разместите доколку вашата соба тоа го овозможува, во иднина. 

 




















Погледнете  ОВДЕ - дополнителни идеи како да ја уредите собата на вашите деца!

Поврзани блог статии

Бидете секогаш во тек со новите содржини на НАВЛЕЧИ СЕ. Следете нè на ИНСТАГРАМ, ТВИТЕР и станете фанови на нашата ФЕЈСБУК страница.
N/A