Бидете секогаш во тек со новите содржини на НАВЛЕЧИ СЕ. Следете нè на ИНСТАГРАМ, ТВИТЕР и станете фанови на нашата ФЕЈСБУК страница.

„The Shoreline Hotel Waikiki“ - најкреативниот хотел на Хаваи!

Што е првото нешто што ви паѓа на памет кога ќе помислите на Хаваи? 
Прекрасни хотели, широки плажи, палми, венчиња од цвеќе, коктели, супер одмор, забави.
Меѓутоа токму тие прекрасни хотели биле инспирација за Dan Mazzarini од дизајнерското студио BHDM Design да создаде нешто сосема поинакво и креативно. 
Ентериерот на овој кул хотел воопшто не асоцира на специфичните детали кои ќе ги најдете речиси во сите хотели на Хаваи.  Целта била да создадат микс на модерно, креативно и нешто кое, се разбира, асоцира на природа, па така кога ќе ја погледнете внатрешноста гледате микс од бои, неон и природни материјали. 
Инаку, она што најмногу привлекува внимание во случајов е огромниот креативен дух со кој се работело на дизајнот на хотелот. 
Во повеќе наврати ќе приметите дека како украси се користени зборови или цели реченици поставени во неонски инсталации, всушност тоа е ракописот на самиот дизајнер Dan. Па постои ли подобар начин да оставите печат на нешто околку со ваш ракопис да напишете „Aloha“ или „It’s pau hana somewhere“ - што во буквален превод значи „Некаде е 5 часот, попладне. Време е за одмор“. 
Ако се прашувавте колку чини престојот во овој хотел, цените започнуваат од 179 долари по ноќевање. 
Ѕирнете во внатрешноста на хотелот и барем за момент помислете дека одмарате во целата таа креативна оаза. 
















































Поврзани блог статии

Бидете секогаш во тек со новите содржини на НАВЛЕЧИ СЕ. Следете нè на ИНСТАГРАМ, ТВИТЕР и станете фанови на нашата ФЕЈСБУК страница.
N/A