Бидете секогаш во тек со новите содржини на НАВЛЕЧИ СЕ. Следете нè на ИНСТАГРАМ, ТВИТЕР и станете фанови на нашата ФЕЈСБУК страница.

Моделите на Fendi за есен 2018

Mодната куќа Fendi е основана во 1925г. во Рим од страна на Адел и Едоарадо Фенди. Главно се занимава со производство на облека и аксесоари изработени од природнa кожа или крзно.



Иако поголем дел од модните гиганти како Gucci, Michael Kors  и  VERSACE се откажаа од природните материјали со што би се намалила експлоатацијата на животните во модната индустрија , Fendi не се откажува од својата традиција.

      

















Се чини дека и оваа есен на престолот останува колоритот и флоралните принтови. Иако Fendi останаа достојни на својата традиција за крзно и кожа, сепак тие во својата колекција вметнаа голем дел на креации кои не содржат природни материјали.
Како највпечатлив модел од целата ревија, модните критичари го издвоија фустанот изработен од пердуви со должина до под колена.



Кај машката колекција преовладуваат долги капути, големи ташни, капи, ранци и пликоа изработени од висококвалитетна животинска кожа.



















Исто така кога станува збор за панталоните од машката колекција, мора да се наопомене сличноста во коцкастиот дезен со оној на Burberry.







 

Поврзани блог статии

Бидете секогаш во тек со новите содржини на НАВЛЕЧИ СЕ. Следете нè на ИНСТАГРАМ, ТВИТЕР и станете фанови на нашата ФЕЈСБУК страница.
N/A