Бидете секогаш во тек со новите содржини на НАВЛЕЧИ СЕ. Следете нè на ИНСТАГРАМ, ТВИТЕР и станете фанови на нашата ФЕЈСБУК страница.

Заблуди за италијанската кујна! Што е точно а што не е?

Кога ќе помислите на Италија, сигурно веднаш на памет ви доаѓаат сите вкусни италијански специјалитети кои сте ги пробале. Има нешто посебно во италијанската кујна и нивниот специфичен пристап кон храната.
Али Лараиа , сопственик на италијанскиот  ресторан „Тhe Sosta“ во Њујорк, објаснува кои работи се точни, а кои работи се се тотална заблуда.



Италијанската храна е сезонска
Во Италија, секоја храна што се служи е свежа и сезонска. Ако поминете покрај патот и приметите градина со зеленчук бидете сигурни дека сите локални ресторани набавуваат зеленчук од таа градина. Можеби тајната на тоа што храната секогаш изгледа толку колоритно и живо е токму тоа, користењето на сезонски намирници, вели Лараиа.



Тајната на одличниот вкус на пастата се крие во пармезанот.
Тоа е точно, но не поради тоа што треба да го прекриете целото јадење со пармезан, туку поради тоа што треба да знаете колку пармезан или сирење воопшто треба да ставите.
Не претеувајте со ниту една состојка, а особено не со сирењата кои што имаат доминантен вкус. Тајната на нашата кујна е што мора да имате мера во се.



За добри тестенини потребно ви е многу сос.
Апсолутно не точно. Сосот  за било што, не само за тестенини, мора да опфаќа само една четвртина од главната состојка. Ако служите тестенини со болољезе, ставете ги тестенините во чинија а потоа полијте со сос чија количина ќе биде само една четвртина од количината на тестенините. Тогаш ќе можете да го почувствувате вистинкиот вкус на тестенините. Во спротивно, ставете само сос во чинијата и уживајте во него. 



Пица и тестенини, тоа се!
И тоа како сте се излажале. Италијанската кујна изобилува со прекрасни специјалитети кои не вклучуваат месо воопшто, чии главни состојки се свежи зеленчуци и сирење. Исто така, специјалитети во кои можете да уживате се разликуваат многу и според тоа каде се наоѓате.
Локалните специјалитети во Рим на пример, се комплетно различни со оние во Сицилија.



Тајната е во едноставноста.
Колку состојките на јадењето се поедноставни толку јадењето е повкусно. Не претерувајте со ништо. Најдете ги првите три свежи работи кои ги имате во фрижидер, притоа внимавајте сите три да можат да се подготват на ист начин. Ако одлучите да ги печете, проверете дали сите се подеднакво вкусни доколу ги служите испечени.  И останете на три зачини максимум.



Не додавајте сол
Ретко, каде по рестораните во Италија ќе најдете сол на масите. На тој начин готвачите се обидуваат да ви кажат дека солта не само што не е здрава за вашето тело туку и за самиот специјалитет.  Солта или додавањето на било каков зачин откако хранта е послужена, тотално го менува вкусот. Ако требало да биде посолено, ќе додаделе сол при подготовката, така што не уништувајте трудот на готвачот залудно, вели Лараиа.


 

Поврзани блог статии

Бидете секогаш во тек со новите содржини на НАВЛЕЧИ СЕ. Следете нè на ИНСТАГРАМ, ТВИТЕР и станете фанови на нашата ФЕЈСБУК страница.
N/A