Бидете секогаш во тек со новите содржини на НАВЛЕЧИ СЕ. Следете нè на ИНСТАГРАМ, ТВИТЕР и станете фанови на нашата ФЕЈСБУК страница.

Влезете во „Space 360“ - сферен театар кој си поигрува со реалноста!

Познатиот филсми режисер Стивен Спилберг, во 2006 година за интервју за весникот Time, изјавил: „Еден ден, во блиска иднина ќе можете да отидете во кино, а филмот, наместо само на платно ќе биде насекаде околу вас. Ќе биде над вашата глава, 360 степени околу вас, и можеби малку и под вас...“
И како по обичај, филмскиот гениј бил во право. Ширум светот се отвораат се повеќе такви кина и театри кои умешно си поигруваат со реалноста.
На 17.09.2017 година во склоп на Националниот музеј на науки Гвангжу, во Јужна Кореа се отвори инзвонредно технолошко чудо - сферен театар за проекции „Space 360“
Позади целиот систем за инсталација и проектирање и програмирање на „Space 360“ стои украинското креативно студио Front Pictures, а целиот проект е финансиран од Корејската организација за хидро и нуклеарна енергија. 









Театарот со дијаметар од 12 метри може навистина да се смета за театар на иднината кој комплетно ја менува реалноста и создава совршени виртуелни проекции.
Посетителите дожуваваат уникатно искуство, стоејќи на мост со максимален капацитет од 45 луѓе, комплетно направен од стакло со цел да имааат целосен увид на се што се случува, околу, под и над вас.
Сите ефекти ги гледате без користење  на никаква додатна опрема благодарение на огромните сферни екрани на кои се одигрува слика проектирана од 12 сферни проектори со резолуција 1920X1200 кои имаат способност да допрат буквално до секој агол на екраните.



Секоја проекција трае околу 15-тина минути, а темите на проекциите се најразлични, од настанокот на светот, Big Bang, патот на човековата цивилизација, последиците на глобалното затоплување, тајните на подводниот свет итн.
Единствен услов за влез е да имате над 8 години и 2,82 долари за да платите влезница.
Добре дојдовте во иднината! 







 

Поврзани блог статии

Бидете секогаш во тек со новите содржини на НАВЛЕЧИ СЕ. Следете нè на ИНСТАГРАМ, ТВИТЕР и станете фанови на нашата ФЕЈСБУК страница.
N/A