Бидете секогаш во тек со новите содржини на НАВЛЕЧИ СЕ. Следете нè на ИНСТАГРАМ, ТВИТЕР и станете фанови на нашата ФЕЈСБУК страница.

Љубовта е онаму каде што најмалку очекувате!

Muchiri Frames, талентиран фтограф од Најроби, Кенија неодамна направил интересна и инспиративна фотосесија под наслов  „Glued for Life“ сакајќи да ја прикаже љубовта во нејзината најчиста и наједноставна форма.  
Заедно со неговиот тим излегле на улиците на Најроби во потрага по инспирација и сосема случајно го нашле Семи , обичен бездомник чие засолниште се токму тие улици.
„Седнав да поразговарам со Семи и кога го прашав дали е заљубен, неговиот лик доби поинаква форма и си реков, тоа е тоа, правиме фотосесија која ќе ја прикаже љубовта низ очите на Семи“, вели фотографот.



Љубовта не познава ни време ни место, ниту пак социјален статус. Доказ за тоа се Семи и неговата девојка Вирџинија која исто така била бездомник веќе две години. Се запознале на улиците на Најроби, каде што и двајцата живеат, најпрво биле пријатели за потоа да се вљубат и да станат партнери.
„Нашата љубов е почиста од било која друга, јас немам ништо друго што да и понудам освен вистинска љубов. Иако нашата облека е малку валкана и јадеме вчерашна храна, ние сме среќни само затоа штоа сме заедно“, вели Семи.
Ѕирнете ја фотосесијата и погледнете ја нивната промена.
















































 

Поврзани блог статии

Бидете секогаш во тек со новите содржини на НАВЛЕЧИ СЕ. Следете нè на ИНСТАГРАМ, ТВИТЕР и станете фанови на нашата ФЕЈСБУК страница.
N/A