Бидете секогаш во тек со новите содржини на НАВЛЕЧИ СЕ. Следете нè на ИНСТАГРАМ, ТВИТЕР и станете фанови на нашата ФЕЈСБУК страница.

Сте слушнале ли за Intermittent Fasting?

„Intermittent Fasting“ или „испостување“ e новиот начин на исхрана кој полека станува се повеќе популарен и застанува рамо до рамо до познатата „хроно диета“. Што вусшност претставува Intermittent Fasting и како влијае на Вашето тело?
Intermittent Fasting всушност не е типична диета туку шема на исхрана, се состои од утврден распоред во однос на тоа кога внесувате храна. Не го менува она што го јадете, туку го диктира начинот на тоа како го јадете. 
Едноставно еден ден со Intermittent Fasting, би изгледал вака: прескокнувате појадок, јадете некаде околу 1 часот попладне, потоа вечерате околу 8 часот навечер, а потоа не смеете да јадете ништо минимум 16 часа. Се разибра, течности како кафе, чај, сокови без засладувачи и вода можете да конзумирате слободно. 
Во суштина, задолжително е да имате пауза од 6-7 часа помеѓу оброците и потоа да направите еден подолг пост во времетраење од 16 часа. 



Сведоштвата на луѓе кои го испробале овој начин на исхрана се навистина зачудувачки. Не само што успеале да ја намалат телесната тежина, тука ја зголемиле мускулната маса, станале поенергични и попродуктивни. 
Можеби причината зошто овој начин на исхрана станува популарен толку брзо е порадо тоа што голем број научници и лекари го поткрпуваат со цврсти докази за неговото позитивно влијание врз вашиот живот. Велат дека го продолжува животниот век, го намалува ризикот од рак, ја подобрува работата на мозокот итн. 
Но, што се случува со вашето тело и мозок за време на оној 16-часовен пост? 
Во текот на тие 16 часа вашето тело е подложно на огромни промени кои се случуваат во вашиот организам. Во текот на јадењето, храната која ја внесувате се складира во вашиот црн дроб во вид на гликоген кој е задолжен за произведување на енергија и масти во вашето тело. Доколку постојано се прејадувате нивото на гликоген расте и наместо во енергија, се претвора во масти кои постепено се таложат во вашето тело.  Но, после 10 до 12 часа од почетокот на вашиот пост резервите на гликоген се трошат и неговото ниво опаѓа. Како резултат на тоа, станувате понервозни и почнувате да чувстувате глад. Во тој момент, остатокот од гликоген кој го имате во вашето тело започнува да произведува масти. Тие масти повторно се испраќаат во вашиот црн дроб и се претвораат во енергија која што е потребна на вашето тело и мозок за да функционира. Да, да баш така, вие всушност трошите калории и топите масти само за да можете да преживеете. Според крвните анализи направени врз оние луѓе кои се подложиле на ваков пост во времетраење од 12 до 14 часа, забележано е опаѓање на мастите во телото за 60% и тоа после првите 18 часа. 
Вашето тело влегува во фаза т.н. кетоза и токму таа фаза е причината што научниците сметаат дека овој начин на исхрана е клучен за долг и здрав начин на живот. 



Самиот процес на трошење на калории и согорување на масти, во вашето тело ослободува т.н. Кетони. Во вашиот мозок, кетоните влијаат на ослободување на молекул т.н. BDNF (Brain Derived Neurotrophic Factor) кој помага во јакнење на невроните и нервните завршетоци во мозокот кои се одговорни за учење и паметење. Ова го објаснува фактот дека зголемувањето на ниво на кетони во телото помага на луѓето кои се борат со деменција во текот на привте 6 недели.  Зголемувањето на нивото на кетони во телото исто така се практикува и кај луѓе кои имаат проблем со епилептични напади. 
Луѓето кои се подложиле на овој начин на исхрана, не само што успеале да ја намалат телесната тежина туку и  го регулирале крвниот притисок и нивото на хормонот IGF - 1 (инсулин). 
Научниците исто така откриле и дека овој начин на исхрана го зголемува нивото на кетони во телото 20 пати повеќе отколку што тоа го прави една обична диета.

Тоа е затоа што со „постот“ можете многу полесно да ја постигнете фазата на кетоза и вашето тело полесно лачи и произведува кетони кои што се клучни за здравиот начин на живот. Нашите предци, свесно или несвесно практикувајќи ваков начин на исхрана имале подолг век на живеење. 
Ѕирнете го видеото и се ќе ви стане појасно. 
Какво е вашето мислење? Би го испробале ли овој начин на исхрана? 


 

Поврзани блог статии

Бидете секогаш во тек со новите содржини на НАВЛЕЧИ СЕ. Следете нè на ИНСТАГРАМ, ТВИТЕР и станете фанови на нашата ФЕЈСБУК страница.
N/A