Бидете секогаш во тек со новите содржини на НАВЛЕЧИ СЕ. Следете нè на ИНСТАГРАМ, ТВИТЕР и станете фанови на нашата ФЕЈСБУК страница.

6 најдобри градови за дочек на Нова година

Во кој град би сакале да ја дочекате Новата година?
Можеби во Париз или во
Санкт Петербург? Еве што предлагаат туристичките водичи....


Париз 
Градот на светлината. Затоа е на прво место на листата. Начинот на кој Париз е украсен за време на божиќните и новогодишните празници ви дава чувство и топлина да мислите дека се чувствувате како дома.  Ако сте го избрале овој град на новогодишниот период, се надеваме дека од вашиот хотел се гледа Алфеловата кула бидејќи околу неа се случува вистински спектакл. 
 
Тоскана
Ако барате удобност и спокој, тоа сигурно ќе го најдете во овој регион и тоа особено во зима. Автентични вили, стари винарии, гостопримливост..... Вистинска новогодишна магија која ќе ви остане засекогаш во вашето сеќавање. Всушност, Италија е секогаш добра идеја!



Мајами
Сакате забава и луд провод? Тогаш тргнувајте во Мајами. Можете да се сместите во Faena Hotel, идеален за оние кои сакаат да се забавуваат. А по бурната вечер, можете да се опуштите во спа центрите на хотелот. 


Незаборавна зимска бајка, во еден од најубавите градови во светот.  Ќе уживате во културата, архитектурата, но и во забавата. Во овој град, се изгледа како да сте во зимската земја на чудата. 
Исланд 
Снег, огномет, осветлување, забава.... идеални за магичен дочек на Новата година.  Главниот град Рејкјавик ви нуди забава и добар провод, ако сакате новогодишната ноќ да ја поминете во урбан стил. 
Напа  
На листата се наоѓа и  долината во Калифорнија, а особено се препорачува преубавиот ресторан SingleThread Farms, кој изобилува со извонредна храна и вина.  Со специфичните вина од овој регион, наздравете за влезот во Новата Година. На здравје!

Поврзани блог статии

Бидете секогаш во тек со новите содржини на НАВЛЕЧИ СЕ. Следете нè на ИНСТАГРАМ, ТВИТЕР и станете фанови на нашата ФЕЈСБУК страница.
N/A